СЈО: Поднесено барање за заштита на законитоста за предметот „Талир“

Специјалното јавно обвинителство - СЈО. обвинителките Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Ленче Ристоска

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска соопшти дека постапувајќи по предметот „Талир“ до Врховниот суд на Република Македонија е поднесено барање за заштита на законитоста.

"Со барањето за заштита на законитоста се бара Врховниот суд да утврди дека решението на Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција на Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кое е одбиено барањето на ова Јавно обвинителство за обезбедување дел од имотот на една политичка партија, било незаконито", се вели во соопштението.

СЈО потесетува дека на 22 мај годинава поднесе барање за привремено одземање имот заради обезбедување, односно за определување на привремена мерка – забрана за отуѓување на недвижен имот со ставање хипотека на тој имот поради основано сомневање дека потекнува од кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, кое беше одбиено.

Во случајот „Талир“ којшто се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени 14 лица.