Претседателот на Собранието, Талат Џафери побара обезбедувањето да го тргне од говорница пратеникот Владимир Ѓорчев, кој зеде збор без одобрение на спикерот. Првин Џафери побара да му биде исклучен микрофонот на пратеникот, но тој не запре со зборување, по што спикерот побара да интервенира обезбедувањето. Потоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски и Антонијо Милошоски застанаа во одбрана на Ѓорчев, велејќи дека не може обезбедување да го тргне пратеникот од говорница, па им се придружија и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, по што Џафери ја прекина седницата.
Собранието денеска ја продолжи петтата седница, на која последна точка на дневниот ред е изборот на заменици-министри на владата.