Струшката депонија гори, граѓаните протестираат

Архивска фотографија - Депонијата во Струга, која се наоѓа на само стотина метри од влезот на градот,.

Струшката депонија речиси два месеца постојано гори, а поради густиот чад и непријатната миризба кои се шират низ градот граѓаните на Струга деновиве организираат протести на кои бараат итно затворање и дислокација на местото за одлагање на отпадот од градот и околните населени места.

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку вчера, за време на посетата на општина Струга, истакна дека со одлука на Владата, Министерството за животна средина има формирано работна група за разгледување на проблемот со депонијата.

Дураку најави дека проблемот со депонијата во Струга ќе го решат со користење средства од ИПА фондовите.