Путин ќе одговора на прашања на граѓаните

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ќе ја одржи годишната телевизиска прес конференција на која ќе одговора на прашања на граѓаните од целата земја. Се очекува ваквиот своевиден телевизиски настан да трае околу три часа. Годинашната сесија доаѓа во време на социјални тензии во Русија и на само неколку денови откако полицијата уапси над 1500 луѓе на антикорупциските протести во земјата.