Американските сенатори синоќа објавија двопартиска спогодба за воведување нови санкции против Русија поради прекршувања на човековите права, вооружување на Сирија, како и за наводно мешање во претседателските избори во САД. Демократите и Републиканците во комитетите за надворешни односи и за банкарство се согласија за амандман, кој ќе биде приложен кон законот за санкции спрема Иран и ќе ги засили постојните санкции против Москва поради агресијата во Украина.
Овие мерки ќе овозможат нови санкции спрема руското рударство, металургијата, превозот и железницата, додека енергетските и финансиските фирми беа опфатени со претходните санкции.