„Мерцедесот“ на Груевски од 600 илјади евра пред јавноста

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денека на пресс конференција покажа како изгледа службеното возило марка „Мерцедес“, набавено во вредност од 600 илјади евра, кое се споменуваше во т.н „бомби“ на СДСМ, во разговор меѓу тогашната министерка Гордана Јанкуловска и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков

.Спасовски посочи дека автомобилот кој чини 580 илјади евра е купен во време кога луѓето немаат за јадење, а полицијата нема униформи и основни услови за работа.

Премиерот Зоран Заев, пред неколку дена на прес конференција објави дека возилото марка „мерцедес“ кое било набавено за 580 илјади евра е оштетено во надворешноста, но и внатрешноста.

Заев, најави дека ова возило ќе се користи за пречек на странски делегации кои ќе ја посетуваат земјава.

Специјалното јавно обвинителство има покренато истрага за набавката на мерцедесот за кој има сомнежи дека бил нарачан според желбите на тогашниот премиер Никола Груевски. На 24 јануари, СЈО соопшти дека ја отворило истражната постапка „Тенк“, во која осомничени се две лица, кои се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување во периодот од февруари до октомври 2012 година, а „за да ја исполнат желбата на тогашниот премиер“ за набавка на „специјално возило“.