Во Богданци утре референдум за рудникот за бакар

Богданци

Граѓаните на оштина Богданци утре на референдум треба да се изјаснат дали се за или против изградбата на рудникот за бакар „Казандол“ и за отворање на рудници на територијата на општината.

Право на глас имаат околу 7.000 жители, кои ќе можат да гласаат на 12 избирачки места. Двете референдумски прашања за кои ќе можат да се изјаснат се: „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ продолжување со работа на рудникот Казандол?“ и „Дали сте „ЗА“ или „ПРОТИВ“ отворање рудници на територијата на општината?“.

За успешно спроведување на референдумот неопходно е на гласањето да излезат најмалку половина плус еден од запишаните избирачи. Мнозинството од излезените граѓани ќе ја донесе одлуката која е дефинитивна и општинските власти ќе мора да ја спроведат.

За рудникот „Казандол“, на 18 јуни, на референдум ќе излезат и жителите на општина Дојран, а во постапка за референдум се и граѓаните на Валандово.

Првиот ваков референдум на локално ниво успешно се спроведе во Гевгелија каде што речиси 70 отсто од граѓаните се изјаснија против отворање рудници на планината Кожуф