Врховен ја одложи јавната седница за Смилковско Езеро

Архивска фотографија од претходната јавна седница на Врховниот суд за убиството кај Смилковското Езеро .

Врховниот суд на Република Македонија денеска соопшти дека јавната седница по предметот во врска со убиството кај Смилковско Езеро, закажана за утре во 11 часот, се одлага.

Одложувањето на јавната седница, како што информираат од судот, е по барање на бранителот адвокат Асмир Алиспаиќ поради здравствени причини, за што до Врховниот суд на Република Македонија е доставена соодветна медицинска документација.

Терминот за одржување на јавната седница по овој предмет ќе биде дополнително определен, информираат од Врховен суд.