Сменетиот директор на Федералното истражно биро Џејмс Коми на денешното сослушување во Комитетот за разузнавање на Сенатот во својата воведна изјава, објавена вчера, ќе каже дека претседателот Доналд Трамп рекол оти не бил поврзан со Русија и оти му барал да ја прекине истрагата за неговиот поранешен советник Мајкл Флин. Според Коми, претседателот Трамп во телефонски разговор на 30 март му рекол дека истрагата за руската вмешаност во американските претседателски избори „фрла сенка“ врз неговиот претседателски мандат и прашал што може да се направи за отстранување на таа сенка.