Високи претставници на американските разузнавачки служби одбија да одговорат на клучни прашања на сенаторите за тоа дали американскиот претседател Доналд Трамп се обидел да влијае на истрагата за поврзаноста на неговите соработници со Русија. Денешното сослушување во комисијата во сенатот доаѓа ден пред предвиденото сведочење на поранешниот директор на ФБИ Џејмс Коми кого Трамп го отпушти од работа минатиот месец, додека се водеше истрага за можното руско мешање во американските претседателски избори. Демократските и некои републикански сенатори ги прашуваа директорот на националното разузнавање Дан Коатс и шефот на националната безбедносна агенција Мајк Роџерс за тоа дали Трамп вршел притисок врз истрагата на ФБИ. Коатс рече дека врз него никогаш не бил вршен притисок, а заедно со Роџерс рекоа дека не сакале јавно да ги коментираат приватните разговори со претседателот.