Москва категорично ги отфрли, како што се наведува во соопштението на руското мионистерство за надворешни работи, неоснованите обвинувања за нејзино мешање во внатрешните работи на Македонија. Во него се додава дека текстот објавен од Проектот за известување на организиран криминал и корупција не било ништо друго туку префрлање на одговорноста за длабоката криза во македонската држава. Според официјална Москва, обвинувањата за руско финансирање на македонските медиуми биле со цел да се шират дезинформации за руските интереси кои, како што се наведува, доаѓаат од организација чии главни спонзори се владини агенции на САД и Сорос.