Неколку арапски земји ги прекинаа односите со Катар

Знамето на Катар

Саудиска Арабија, Бахреин, Обединетите Арапски Емирати и Египет соопштија дека ги прекинуваат дипломатските односи и сите други контакти со Катар, поради тероризам и флагрантно кршење на меѓународното право. Саудиска Арабија соопшти дека потегот бил направен со цел „заштита на националната безбедност“, додека Бахреин го обвини Катар за поддршка на тероризмот и за мешање во внатрешните работи. На катарските државјани даден им е рок од 14 дена да ја напуштат земјата. Веќе долго време односите меѓу Катар и регионалните емирати и Саудиска Арабија кои се блиски сојузници на САД, се влошени.