Илјадници граѓани ја слават шампионската титула на Вардар во Скопје
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Неколку илјади граѓани излегоа на плоштадот Македонија во Скопје да ја прослават шампионската титула на ракометарите на Вардар во Лигата на шампиони. Улиците се полни со луѓе, автомобили свират со сирените, луѓе со знамиња пејат навивачки песни... Ракометарите на Вардар вечерва ја освоија Лигата на шампионите. Со гол на Иван Чупиќ во последната секунда од мечот, црвено-црните во финалето во Келн со 24-23 го совладаа Парис Сен Жермен.