Неколку загинати во три бомбашки напади во Кабул

Afghan policemen stand guard near the site of blasts in Kabul, Afghanistan June 3, 2017.

Неколку лица загинаа, а десетици се повредени во три експлозии во Кабул во близина на погребот на син на авганистански сенатор, кој е една од петте жртви од вчерашните судири меѓу полицијата и антивладините демонстранти. Различни извори соопштуваат различни бројки за жртвите. Според портпаролот на Министерството за здравство, има најмалку шестмина загинати и 87 повредени. Портпаролот на Министерството за внатрешни работи изјави дека „првичните информации велат дека има најмалку 10 загинати“, додека некои медиуми јавуваат за над 20 загинати.

Извршниот шеф на Авганистан, Абдула Абдула, беше на погребот, но од неговиот кабинет изјавија дека не е повреден.

Најмалку петмина луѓе загинаа вчера во судирот на полицијата и демонстрантите, кои протестираат против властите поради големиот бомбашки напад во Кабул оваа недела. Властите најавија дека ќе истражат како дошло до судирите.