Во изминатите 24 часа во полицијата се пријавени исчезнувања на две девојчиња на возраст од 11 и 15 години, и една 38-годишна жена.
Во полициската станица Гази Баба вчера мајка пријавила дека исчезнала нејзината 11-годишна ќерка.
Доцна синоќа во Полициската станица - Штип, маж од село Чардаклија пријавил дека е исчезната неговата 38-годишна сопруга.
Петнаесет минути по полноќ во СВР-Куманово, татко пријавил дека е исчезната неговата 15-годишна ќерка.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.