Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка и бара притвор за лицето кое вчера пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.
"Осомничениот се гони за сторени две кривични дела „убиство“ од член 123 во врска со член 19 и за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик", се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.
Надлежниот јавен обвинител до судот поднел и предлог за определување на мерката притвор, бидејќи оценил дека се исполнети законските основи за нејзиното изрекување.