Собранието ги донесе измените на Изборниот законик со што се овозможи одржување на локалните избори во првата половина на октомври и продолжување на мандатите на градоначалниците.
Исто така, донесени се и измените на законите за образование, сите во скратена постапка. Со измените се овозможи укинување на екстерното тестирање кое се спроведуваше од 2013 година.
Ивана Туфекџиќ од СДСМ рече дека укинувањето на екстерното е првата добиена битка во реформите кои допрва следуваат.
На седницата не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои претходно најавија дека нема да учествуваат на седницата поради нападот на поранешниот министер и пратеник Никола Тодоров.
Претходно денеска Собранието избра претседатели и членови на собраниските комисии.