Во Македонија ќе биде сончево и потопло. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се движи од осум до 14, а дневната од 27 до 34 степени. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност во текот на денот и со слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе достигне до 32 степена.