ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение во кое се наведува дека Зоран Заев решил да ја сокрие програмата и биографиите од предложените кандидати за министри од анализа и разгледување од страна на јавноста, парламентарната опозиција, стручната фела и новинарите.
„Во вода паднаа најавите за транспарентност и отчетност на СДС и коалициските партнери од новото собраниско мнозинство. Деловникот за работа на Собранието и Закон за Собрание при обидот насилно и нелегално да го изберат Талат Џафери за претседател, а сега срамно закажа седница за избор на влада за само еден ден“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Тоа, се нагласува, претставува недемократски чин кон јавноста и кон Собранието на Република Македонија.