Кривичниот совет на Одделениото за организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 соопшти дека повторно е одбиено барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за замрзнување на имот на ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението Основниот суд наведува дека во врска со барањето на СЈО за привремено одземање на имот, на седница на 27.05 е донесено решение со кое се уважува несогласноста на судијата на претходна постапка и од страна на судот не била определана предложената привремена мерка Забрана на отуѓување на недвижен имот со ставање на хипотека.
СЈО бараше замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ за кој се сомневаат дека е стекнат на незаконски начин, меѓу кој и седиштето на партијата во Скопје, откако на прес-конференција објави дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и други високи партиски функционери се осомничени за перење пари и нелегално финансирање на партијата во истрагата „Талир.“