Собраниската седница за избор на Владата е закажана за во вторник во 11 часот, информираат од кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери. Во соопштението се наведува дека мандаторот за состав на ВладатаЗоран Заев денеска до Собранието го поднел Предлог за состав на Владата на Република Македонија и Програма на Владата на Република Македонија.
“Претседателот на Собранието, г. Талат Џафери, Предлогот за состав на Владата на Република Македонија и Програмата на Владата на Република Македонија веднаш ги достави до пратениците, а седницата за избор на Владата ја свика за вторник 30.05.2017 (вторник) година, во 11:00 часот” информираат од кабинетот на претседателот на парламентот.
Според Деловникот на Собранието, седницата може да трае најмногу два дена, а гласањето треба да заврши до полноќ.