ДУИ предложи четири министри и два вицепремиери

Архивска фотографија-седница на централното претседателство на ДУИ

ДУИ вечерва ги објави имињата на предлог министрите од нивната партија кои би биле дел од новата влада. Како што соопштуваат од партијата, тие ги предлагаат Хазби Лика за вицепремиер задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор, Бујар Османи за вицепремиер за евроинтеграции, Билен Салиу да води со ресорот правда, Садула Дураку за министер за екологија, Куштрим Бектеши за местото министер за економија и Рамиз Мерко за министер без ресор.

За извесно се смета и учеството на Алијансата за Албанците во владата предводена од СДСМ иако од партијата се уште немаат донесено конечна одлука. Во јавноста најмногу се шпекулира дека кај нив ќе биде министерството за здравство кое би го раководел Арбен Таравари.

Засега се уште не се знае дали Беса ќе учествува во новата влада. Од партијата тврдат дека нема да отстапат од петте принципи-во власта да нема луѓе за кои Специјалното јавно обвинителство има подигнато обвиненија, рокови до кои би се отвориле некои теми или, пак, би се донесле некои закони, како на пример за јазиците, балансирано владеење и отворање на темата за редефинирање на државата.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев вчера по средбата со лидерот на Беса Биљаљ Касами најави дека нова влада ќе биде избрана следната недела.