Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп денеска рече дека НАТО ќе биде посилен бидејќи земјите членки ќе ги зголемат значително своите плаќања кон алијансата.Многу земји членки на НАТО се согласија да ги зголемат значитечно исплатите.
Ако почнат да влегуваат повеќе пари НАТО ќе биде посилен, напиша денеска Трамп на Твитер од Сицилија, каде што учестува на самиотот на Г7.Оваа објава следува два дена откак тој ги критикуваше земјите членки на НАТО дека не трошат доволно пари на одбрана.
НАТО земјите не плаќаат на САД или на алијансата директбо туку тие трошат домашно на оружје или на други потреби поврзани со одбраната.
Трамп побара од членките да трошат најмалку два отсто од својот бруто домашен производ на одбрана. Засега само пет членки ја имаат постигнато таа цел, а другите се обврзаа да ја достигнат до 2024 година.