Претседателот на СДСМ и мандатар за составување на Влада на Република Македонија, синоќа од Брисел изјави и дека се во полн ек преговорите за составување на новата влада. Тој очекува тоа да се случи во почетокот на идната недела. Заев по средбата со премиерите на пет балкански држави и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини рече дека очекува затворање на списокот на министри до крајот на оваа недела. „Со партијата БЕСА се уште не сме стигнале да разговараме за кадри. Се уште разговараме за ресорите, вкупниот број колку, за пропорциите, одговорноста итн. Верувам дека многу брзо ќе дојдеме и да разговараме за имиња. Моја аспирација, а генерално и сите лидери заклучивме е да се обидеме до крајот на неделава да доставиме предлог до македонскиот парламент. Ние ветивме некои десетина дена, а во недела истекуваат десет дена со оглед на тоа што поминаа шест-седум дена“, изјави Заев.