Заев се сретна со Могерини

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и мандатар за состав на нова Влада во Брисел се сретна со високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини. По средбата со Могерини, Заев ќе присуствува и на вечерата што ја организира Могерини, на која ќе присуствуваат и премиерите на Србија, БиХ, Косово, Албанија и Црна Гора. Заев е поканет како мандатар за составување на новата Влада во Македонија.

Тема на состанокот, како што е најавено е состојбите во регионот и заеднички напредок.