Со индигнација ги отфрлам наводите на обвинението и не се чувствувам виновен, изјави поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујовски на судењето за предметот „Тврдина 2.“ И другите пет службенички се изјаснија како невини. На денесшното судење не се присутни сведоците, а за нивна подготовка главната расправа се одлага за 3 јули во 11 часот.
Претходно судијката ги прифати декласифицираните докази коишто одбранта ги спореше.
Грујовски заедно со шестмина вработени во УБК е обвинет за уништување на документација поврзана со прислушувањето.