Спречен протестниот марш на ЛГБТИ заедницата во Молдавија

Ученици на ЛГБТИ маршот во Молдавија.

Протестниот марш организиран од ЛГБТИ заедницата во Молдавија бил спречен откако полицијата по неколку стотина метри од неговото започнување го блокирала патот со цел да не дозволи конфронтација со контрадемонстрантите од групата на православни свештеници и верници.

Полицијата ги евакуирала учесниците на ЛГБТИ маршот со автобуси откако биле гаѓани со јајца и со шишиња вода од страна на контрадемонстрантите. Маршот беше организиран од ЛГБТИ заедницата, во знак на протест, како што соопштија, против антигеј законот во Молдавија.