Претседателот на Филипини, Родриго Дутерте во наредната недела ќе оствари средба со рускиот претседател, Владимир Путин во Москва. Во фокусот на разговорите ќе биде зајакнување на односите меѓу двете земји во услови кога Дутерте сака да ја дистанцира земјата од долгогодишното сојузништво со САД. Според министерството за надворешни работи на Филипини, средбата меѓу двајцата лидери ќе отвори ново поглавје во односите меѓу двете земји.