Американскиот претседател Доналд Трамп на својот официјален профил на социјалната мрежа Твитер напиша дека „како политичар се соочува со најголемиот лов на вештерки во американската историја“ Овој пост следува еден ден откако американското министерство за правда назначи специјален советник за да се испитаат можните судири меѓу неговиот тим и Русија за време на изборната кампања во 2016 година.
Претходно тој го осуди овој потег со пост на Твитер во кој посочува дека „никогаш претходно не бил назначен специјален советник за да го испита, како што вели, нелегалните акти , од страна на неговиот ривал демократскиот претседателски кандидат Хилари Клинтон и неговиот претходник Барак Обама.
Трамп не објави никакви детали за овие обвинувања. Министерството за правда на САД го наименува поранешниот директор на ФБИ Роберт Милер за специјален советник кој ќе ја надгледува истрагата за наводната поврзаност на Русија со претседателската кампања на Доналд Трамп. Милер беше12 години шеф на ФБИ, и во 2013 година сам си поднесе оставка.