Градоначалниците на општините од утре ќе работат без мандат, изјави денеака градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски по состанокот на Заедницата на локалната самоуправа (ЗЕЛС). Тој упати барање до политичките партии во Собранието за поскоро донесување на закони за нивно функционирање до следните избори.
„Со оглед на тоа што има различни толкувања од професори и институции за тоа дали градоначалниците можат да продолжат да функционираат или не, ние како ЗЕЛС за да бидеме сигурни и за да нема поделеност од Парламентот бараме што побргу да се состане и да ги донесе измените на законот за избори и законот за локална самоуправа со што ќе се распишат следните локални избори“, рече Трановски.