ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на координацијата во Собранието

Талат Џафери не е избран за претседател на Собранието на Република Македонија во законска процедура и пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не гледа причина зошто би одговарала на покана која пратеникот Талат Џафери ја испраќа во својство на претседател. Со обидот да го изберат Талат Џафери за претседател, СДС ги погази и Уставот и законите и Деловникот за работа на Собранието, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку, на денешната координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери треба да се разговара за локалните избори. Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува денеска. Претставници на парламентарните партии во саботата имаа средба во Собранието, но по нејзиното завршување тие не соопштија за што се разговарало