Пратеникот Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на својот Фејсбук профил напиша дека во куќата на неговиот татко во село Ижиште била поставена бомба. Тој пишува дека тоа го смета за индиректна закана и притисок кон него, и е поврзано, како што пишува, со неговата политичка активност и мислење. Пратеникот пишува дека настанот бил пријавен во полиција, по што бомбата била демонтирана. Тој очекува сторителите да бидат пронајдени од надлежните органи.