Партиите денеска на разговор кај Џафери

Собрание на Република Македонија.

Претставници на парламентарните партии денеска имале разговори во Собранието, но ниту еден од тие што присуствувале на средбата не кажа што било тема на разговор.

Камерата на ТВ21 ги забележа пратениците како го напуштаат Собранието, но ниту еден од нив не сакаше да одговори која била целта на средбата во Парламентот.

Претходно претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека в понеделник ќе има координација на претставниците на парламентарни партии, на која треба да се разговара за локалните избори. Мандатот на градоначалниците и на советниците истекува в понеделник на 15 мај.