Порошенко: Украина се разведе од Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко на телевизиско интервју, 12 мај 2017

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави денеска дека визната либерализација Европската Унија значи „разводот на неговата земја од руската империја“ Тој во својот говор посочи дека со одлуката за визната либерализација ќе биде тргната и последната бриселска пречка и дека ќе им се овозможи на Украинците да патуваат слободно во земјите кои се дел од Шенген зоната.

„Денеска Украина го финализира разводот со руската империја. Ова треба да се гледа во филозофска смисла, затоа што ова е излез од една историја која трае повеќе од 300 години. И денеска Украина се враќа дома“ изјави Порошенко во телевизиско интервју.

По финализирањето на одлуката од страна на министрите на ЕУ се очекува церемонијата за потпишување на договорот да се одржи во Стразбур на 17 мај, додека одлуката треба да стапи во сила на 11 јуни.