Џафери: Не може враќање во нормала преку ноќ

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери

Претседателот на Парламентот, Талат Џафери денеска изјави дека еден од основните проблеми на парламентаризам во Македонија и воопшто функционирањето на Собранието е односот помеѓу парламентарното мнозинство и опозицијата. Тој говорејќи на отворањето на конференцијата „Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание“ во организација на Граѓанската асоцијација МОСТ, истакна дека мнозинството на Парламентот секогаш на опозицијата гледало како на политички противник кој треба да се победи, а на моменти и политички да се елиминира.

Опозицијата, според него, треба да има активна улога во сите процеси што се одвиваат во Парламентот, но и да биде свесна дека мнозинството треба да ја спроведе и реализира зацртаната програма бидејќи врз основа на неа народот му ја дал довербата. Но, како што истакна, недостасува политичка волја и политичка култура за тоа да се спроведува.

Тој ги осуди неодамнешните настани во Парлaментот и ги повика институциите да ги најдат виновниците. Според Џафери, враќањето во една нормална општествена состојба, по неколугодишната криза во земјата, подразбира почитување на принципите на парламентарната демократија, владеењето на правото и почитување на човековите права и слободи и нема да се случи преку ноќ.