Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се состане со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во Белата куќа на разговори за Сирија и други меѓународни прашања, соопштено е во Вашингтон. Тоа ќе биде прва средба на Трамп со висок официјален претставник на Русија откако ја презеде функцијата и во сенка на сомневањата дека Москва се мешала во претседателските избори. Претходно Лавров ќе има средба со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.