Службен весник ја објави одлуката за изборот на Талат Џафери

Од ЈП „Службен весник на РМ“ потврдија дека во денешниот број е објавена одлуката дека Талат Џафери е избран за претседател на Собранието на Република Македонија, со што тој официјално ќе ја преземе функцијата во законодавниот дом.

Џафери беше избран за претседател на Парламентот на 27 минатиот месец. За изборот на Џафери гласаа пратениците од СДСМ и од партиите на македонските албанци. За ВМРО-ДПМНЕ изборот е нелегитимен и со него се прекршени собранискиот Деловник, законите и Уставот.

На 4 мај Талат Џафери со писмо го извести претседателот Ѓорге Иванов дека е формирано ново парламентарно мнозинство со што се создадени услови да биде доделн мандат за составување Влада. Шефот на државата,како што соопшти неговиот кабинет, ќе постапи согласно Уставот и воспоставената практика.

По изборот Џафери најави дека следната собраниска седница ќе ја свика откако претседателот Иванов ќе го додели мандатот за формирање нова Влада на Заев.