Во Јужна Кореја денеска се избира нов претседател на земјата. Станува збор за предвремени претседателски избори поради корупцискиот скандал по што беше сменета претседателката Парк Геун Хије. Се предвидува на изборите да победи либералниот кандидат Мун Џае Ин кој се залага за подобрување на односите со Северна Кореја. Неговата победа ќе значи и крај на скоро десетгодишното валдеење на конзервативците.