Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, упати писмо со честитка до Емануел Макрон по повод неговиот избор за претседател на Француската Република. Во него Иванов наведува дека е " цврсто убеден дека неговата модерна визија и кохезивен карактер ќе претставуваат гарант за натамошен севкупен прогрес на Француската Република".
Претседателот ја нагласува и цврстата определба на Република Македонија за натамошно зајакнување на пријателските односи, продлабочување на политичкиот дијалог со Француската Република и интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.
"Водени од заедничката визија за обединета и просперитетна Европа сакам да Ве уверам дека Република Македонија ќе даде свој полн придонес во заедничките стремежи за демократска и развиена Европа, во интерес на просперитетот, стабилноста и безбедноста на регионот на Југоисточна Европа", пишува претседателот Иванов.
Toј во честитката се заблагодарува и за поддршката што Француската Република која континуирано, како што пишува и ја дава на земјата на патот кон нејзиното целосно интегрирање во европските и евроатлантските структури.