Грција нема да потклекне на притисоци и да се откаже од нејзините национални позиции за спорот за името, порачува грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Во интервју за грчкиот неделник „Риал њуз" за шпекулациите низ грчките медиуми дека Грција ќе се најде под притисок на ЕУ и НАТО зарешавање на името Македонија побрзо да влезе во меѓународните организации,Коѕиас отфрла можност Грција да прифати решение кое.нема да е во согласнист со грчките црвени линии.
"Не знам кој кого сака да притисне, сите знаат дека не можат да ни извршат притисок и знаат дека не отстапуваме од она што сметаме дека е правилно за интересите на нашиот народ и за европските вредности и принцип", вели Коѕиас.
За политичката криза во Македонија, Коѕиас вели дека Грција е загрижена поради недостатокот на култура за компромис внстре во државата. Потенцира дека сакаат во Македонија да функционира демократијата и правната држава, како и дека Грција претставува столб на стабилноста во регионот и се обидува да ја поддржи стабилноста во Македонија.
Грчкиот шеф на дипломатијата вели Грција и ЕУ ги осудуваат сите обиди за дестабилизирање на регионот и промена на границите на Балканот. На прашање дали грчката влада стравува од формирање на „Голема Албанија“, Коѕиас посочува дека Грција и ЕУ нема да дозволат остварување на нечиј сон за лажни големи држави.
„Грниците на Европа се конeчни и оној кој ќе се обиде да си поигра со нив ќе се соочи со големи и сериозни последици“, вели Коѕиас.