СДСМ реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ истакнувајќи дека се реализира граѓанската волја и оти во следниот период е особено важно да се овозможи миран трансфер на власта и формирање на нова реформска влада. Од СДСМ велат дека тоа е врвен интерес на граѓаните и државата. Претходно ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека СДСМ премолчува „провокации со кои почнува реализацијата на тиранската платформа.“
Од СДСМ велат дека ниту ќе има штети по употребата на македонскиот јазик, ниту дека е загрозена унитарноста на државата. „Тоа е измислица на Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.
Во соопштението е истакнато дека е доставено писмо до претседателот Ѓорге Иванов за формирано ново парламентарно мнозинство и дека Иванов е должен да постапи согласно уставните обврски кон граѓаните, велат од СДСМ.