Француските изборни органи предупредија против реобјавување на информации кои биле хакирани од тимот кој ја води кампањата на центристичкиот претседателски кандидат Емануел Макрон, откако гласањето започна за државјаните надвор од земјата во вотриот круг на претседателските избори во Франција.
Макрон утре (7 мај) ќе се соочи со крајно-десничарската националистичка лидерка Марин Ле Пен, откако победи во првата рунда пред две недели (23 април) со скоро 24 отсто од гласовите, пред Ле Пен која доби околу 21,5 проценти.
Изборната комисија која врши надзор врз претседателската кампања, денеска соопшти дека објавувањето или реобјавувањето на хакираните информации може да биде кривично дело.
„Ширење на такви податоци, до кои се дошло преку измама и кои веројатно се помешани со лажни информации, може да се оквалификува како кривично дело“ се вели во соопштението на Изборната комисија.
Предупредувањето на Комисијата доаѓа откако тимот за изборната кампања на Макрон на 5 мај соопшти дека бил таргет на „масовен“ хакерски напад по што биле објавени мејлови од кампањата на интернет, еден до два дена пред почетокот на гласањето.