Заев на средба со Бејли

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на средба со амбасадорот на САД Џес Бејли

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска имаше средба со амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, на која е констатирано дека демократските процеси е неопходно да продолжат со формирање на новата реформска Влада, којашто ќе обезбеди стабилност во државата и перспективи на Македонија кон НАТО и ЕУ.

-Парламентарното мнозинство по изборот на новиот собраниски претседател, ги презема следните чекори согласно Деловникот, Уставот и законите во процесот за формирање на новата реформска Влада. Очекуваме Ѓорге Иванов да постапи согласно уставните задолженија и да го даде мандатот, рече претседателот Заев.

Претседателот на СДСМ додаде дека новата Влада ќе ги спроведе потребните реформи и ќе обезбеди, за сите граѓани, без разлика на политичката, етничката или каква било друга припадност, сигурна иднина, во праведна и унитарна Република Македонија. Иднината на Македонија се НАТО и Европската унија и одлучни сме да работиме на вредностите што водат кон тие интеграции, рече претседателот Заев.