Вицепремиерор за евроинтеграции Арбр Адеми изјави дека Македонија поради политичката криза првпат после 20 години напредок се соочува со опасност да назадува во евроинтеграциите.Тој дополни дека време е за правилни одлуки од политичарите во насока на задржување на евроинтеграцискиот пат, но и подготвеност од ЕУ за носење одлуки за проширување.
Адеми ова го кажа воведното излагање на студентскиот натпревар во ораторство на тема „Ја познавам ли доволно ЕУ?“
- За првпат по 20 години напредок е на работ на бездната односно во опасност да назадува во процесот на евроинтеграциите. Затоа нема друга алтернатива, сега е време за правилни одлуки и дела со цел да ја зачуваме нашата и иднината на нашите следни генерации,. Сега од политичарите е неопходно да се дејствува во насока на остварување на очекувањата на нашите граѓани, истакна вицепремиерот Адеми.