Собирот за поддршка на мигрантите сместени во еден парк во Белград минал со негодувања кај граѓаните кои бараат тие да бидат исфрлени од паркот. На собирот кој го обезбедуваат голем број полицајци, освен вербални немало други инциденти. Собирот за поддршка беше организиран од студенти под мотото „Да го исчистиме Белград од ксенофобија“. Причината за собирот беше најавата на група студенти од Економскиот факултет дека ќе бараат од надлежните да ги отстранат мигрантите од паркот. Нивниот протест беше откажан за да не дојде до инциденти меѓу двете групи.