Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави денеска дека без политичка стабилност и консензус на сите политички партии за најважните теми од кои зависи економското и социјалното издигнување на земјата, не може да се зборува за нејзин напредок. Но, според неа, за жал политичката стабилност во Хрватска е разурната уште минатата недела. Дури по развивањето на политичката стабилност, како што порача, ќе може земјата да се посвети на решавањето на клучните национални проблеми - демографското обновување и реформите во образованието.