Тачи: Доцнењето за влез во ЕУ е закана за безбедноста

Косовскиот претседател Хашим Тачи

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека е време за поинаков квалитет на дијалогот со Србија и тој мора да се претвори во процес на помирување, пријателство и добрососедска соработка меѓу двете земји. Според него, ЕУ треба да ја задржи централната улога во дијалогот, но и истакна дека забавувањето на процесот на приближување на Западен Балкан кон Унијата претставува безбедносна закана.

„Сфаќаме дека ЕУ е заморена од проширувањето. Но заложбата на земјите од Западен Балкан за придружување кон ЕУ не треба да трпи поради овој замор. Доцнењето на ЕУ да го приближи регионот на Западен Балкан претставува закана за безбедноста. Вакуумот што ЕУ го остава брзаат да го заземат други идеологии, националистички и религиозни“ рече Тачи во текот на средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром, соопшти неговиот кабинет.