Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека лидерот на партијата Никола Груевски ја има максималната поддршка и на Извршниот и на Централниот комитет. Најважно од се е тоа што Груевски, е политичар, како што е наведено, кој има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните.
Од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи ги информациите во некои медиуми за наводна смена на Груевски посочуваат дека тој ја водел партијата и во последната изборна победа на која мнозинството граѓани гласале за програмата на партијата.
Според ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги преплавува медиумите под контрола на Сорос со лажни вести со цел, како што истакнуваат, да ја дефокусира јавноста од внесувањето на албанското знаме во македонското Собрание.