Најмалку 35 загинати во рударска несереќа во Иран

Луќе пред окното во рудникот за јаглен во провинцијата Голестан, Иран, 03.05.2017.

Иранските државни медиуми јавуваат дека најмалку 35 луѓе загинале во експлозија во еден рудник за јаглен во северниот дел на Иран. Според локалните власти, причина за експлозијата било истекување на метан и оти во тој момент во рудникот имало 80 рудари. Се верува дека некои од рударите се уште се наоѓаат во рудникот.