Ле Пен и Макрон на дебата пред вториот круг избори во Фрранција

Францускиот крајно десничарски кандидат за претседател Марин Ле Пен се соочи во синоќешната дебата со нејзиниот центристички ривал Емануел Макрон на која главни теми беа француската економија и безбедноста на земјата. Ле Пен оцени дека Макрон немал никаков план за безбедноста и го обвини дека имал врски со контроверзни исламски радикали. Макрон пак ја обвини Ле Пен дека „кажува лаги“ и оти таа ќе ја доведе Франција токму таму каде што сакаат исламските екстремисти, во граѓанска војна.